ПОРТФОЛИО:

Мегасофт плус има развиено повеќе видови програмски пакети за своите корисници од разни дејности:
  • Мегаплус регис, припрема за регистрација на моторни возила и технички преглед
  • Мегаплус мануфак, производство
  • Мегаплус хотелиер, хотелско и ресторанско работење
  • Мегаплус акаунт, сметководство
  • Мегаплус POS, трговија на мало
  • Мегаплус трејд, трговија на големо и мало
  • Мегаплус офис, мали трговски и услужни дејности
  • Мегаплус комунал, комунални услуги

Се работи за интегрирани системи, во кои јадрото го сочинуваат модулите за финансово и материјално книговодство, во комбинација со соодветни наменски програмски модули наменети за обработка на податоците од специфичните дејности. Притоа, размената на податоците меѓу програмските модули тече автоматски и во реално време, со што се добива висок степен на продуктивност и комфор во работата.

Најновите верзии од програмските пакети од портфолиото на друштвото се изработени со помош на актуелните технологии: C# (.NET Framework, Model–view–controller (MVC), Entity Framework (EF), OAut), HTML, CSS, JavaScript, Vue.JS, што наоѓаат примена во најсовремените системи ширум светот.