Веб Дизајн Курс


Посебна програма за образование на возрасни: Оператор за веб дизајн

Одобрена од ЦОВ на РМ и МОН на РМ решение: УП бр.09-46 и УП1 бр.12-3225/2016

Назив на установата/институцијата за образование на возрасни

  • ДООЕЛ „Мегасофт ПЛУС“ – Битола

Назив на програмата

  • Оператор за веб дизајн

Опис на програмата

Главна цел на програмата е да го оспособи учесникот активно да ги користи софтверите за графички и веб дизајн во функција на понатамошно образование или вклучување на пазарот на трудот.

Програмата овозможува учесниците да добијат знаење и вештини за графичко дизајнирање на брошури, флаери, логоа и дизајн, односно програмирање на веб сајт кој ќе биде атрактивен, едноставен за користење, добро структуриран и прегледен.

За да се стекнат потребните знаења и вештини планирани се 228 часа.

Ќе добијат одлична основа за:

  • понатамошно напредување и надоградба на знаењата со PHP програмирање,
  • да се вклучат на пазарот на трудот,
  • да работат во фирма или хонорарно,
  • да работат на проекти за странски фирми или во сопствена дизајнерска фирма.

Профил на учесникот на програмата

Учесниците во програмата ќе бидат слушатели:

  • со завршено најмалку основно образование со познавања од областа на информатиката MS Windows 7 + MS Word 2010/13+ Internet (средношколци – трета и четврта година) ,
  • со завршено средно (или повисоко) образование со познавања од областа на информатиката MS Windows 7 + MS Word 2010/13+ Internet.

Цели на програмата

Програмата има за цел да му овозможи на учесникот да научи концепти и вештини за ИТ безбедност, дизајн и изучување на компјутерски софтвер од областа на обработка на електронски фотографии и графички дизајн, како и крерање веб сајтови, односно:

  • да научи концепти и вештини кои се однесуваат на безбедност и користење на интернет;
  • да добие знаења за историја на дизајн, правци, елементи, боја и сл.
  • да знае да користи софтвер за обработка на слики (растерска графика);
  • да знае да користи софтвер за изработка на логоа, флаери, брошури, банери и сл. (векторска графика);
  • да знае да користи софтвер за изработка на веб сајт;
  • да научи да креира веб сајт користејќи HTML5+CSS3;
  • да научи да креира динамичен веб сајт со WordPress,
  • да научи да користи JavaScript;
  • да научи да креира прилагодлив веб сајт.

Резултати од програмата

Образовната програма ќе ги подготви учесниците во функција на понатамошно образование, но и да се вклучат на пазарот на трудот со сите потребни компентенции и вештини од областа на ИКТ, графички и веб дизјан, и самостојно да ги извршуваат секојдневните задачи на работа или да си обезбедат самовработување.

Критериуми за влез во програмата

Возрасни слушатели со претходни знаења од MS Windows, MS Office и Internet.