За нас

Компанија основанa во август 2003 година како една од фирмите наследнички на „Мегасофт“ доо, кое во областа на компјутерската техника и едукација делуваше од 1990 до 2003 година..

Составена е од два сектори: сектор за проектирање, развој и одржување на компјутерски информациони системи и едукативен центар.

Развој на компјутерски ИС

Главна стратешка определба на нашиот тим е проектирање, изведба и одржување на висококвалитетни информациони системи. Со дејноста на овој сектор опфатени се повеќе видови стопански субјекти и установи, почнувајќи од индивидуални трговци-поединци, па се до претпријатија и установи со повеќе од 300 вработени. Основната караткеристика на дејноста на овој сектор може да се опише како имплементација „Од идеја до стварност“. На софтверските продукти и едукативните програми посебен белег и квалитет им дава нашето долгогодишно искуство.

  • Проектирање на комјутерски инфо-системи
  • Имплементација и одржување на инфо-системи
  • Развој на апликативен софтвер
  • WEB дизајн

Едукативен центар

Наставата се базира на интерактивно користење на компјутерот како нагледно средство. Со ова се зголемува концентрацијата на слушателите, а со тоа и постигнатите резултати. Центарот работи според сопствена програма по методата CALL (Computer Assisted Language Learning) (од 1993 г.) - примената на компјутерите во наставата за основци и средношколци. Од 2016 година посебно внимание се посветува на образование на возрасни според посебни верифицирани програми од Центарот за образование за возрасни и Министерство за образование и наука.

  1. Информатика
  2. ЕЦДЛ тест центар
  3. Оператор за веб дизајн
  4. Англиски јазик

Нашиот тим

...Тимот кој ги решава сите ваши проблеми...

Meghna

Лидија Бизимоска

Meghna

Борче Костовски

Meghna

Валентина Аловска

Meghna

Магдалена Стојановска

Meghna

Фросина Димовска