Оператор за веб дизајн

Програмата овозможува учесниците да добијат знаење и вештини за графичко дизајнирање на брошури, флаери, логоа и дизајн, односно програмирање на веб сајт кој ќе биде атрактивен, едноставен за користење, добро структуриран и прегледен.

Програмата опфаќа содржини од областа на ИТ безбедност, графички и веб дизајн. Ќе се изучуваат програмите: Adobe (Photoshop, Illustrator), HTML5 + CSS3, JavaScript, WordPress ...

Обука за графички и веб дизајн. Работа на конкретни проекти...Сертифицирани обучувачи со повеќегодишно искуство...Вашето професионално знаење потврдено со сертификат од МОН!

На крајот на обуката учесниците полагаат завршен испит. Во зависност од постигнатите резултати учесниците ќе се стекнат со Сертификат ОПЕРАТОР ЗА ВЕБ ДИЗАЈН или Потврда за посетување на обуката ако посетувале над 70% од планираните часови.