Добредојдовте


Задоволството да се биде дел од информатичката историја не прави горди и уверени дека она што го започнавме во далечната 1990 г. ќе остане во историјата на Битола, па и пошироко, како еден од примерите за остварување на идејата што на почетокот изгледаше толку недостижна: да се даде значаен придонес во областа на информатиката и нејзината примена во едукацијата...


Динамичниот развој на компјутерската техника е постојан предизвик за тимот на Мегасофт плус на патот на нејзината имплементација во изградбата на софистицирани, современи и комфорни компјутерски системи. Нашите задоволни корисници се сведоци на една успешна приказна, а воедно и активни учесници во нејзиното создавање. Зошто и Вие не станете дел од неа?